- За Нас

НОДУС-КОМПАНИ ДОО е основана во Скопје 1991 година како локален увозник и дистрибутер на полимери, мастербач и стреч фолија.

Во текот на нашето постоење и развој повеќе од 20 години успешно работиме со постојан пораст на продажбата и денес сме лидери во дистрибуција на полимери во Македонија, Косово и Албанија.
Го градиме нашиот бизнис врз основа на цврсти и одржливи односи со нашите клиенти и добавувачи истовремено.

НОДУС-КОМПАНИ ДОО во досегашното работење има изградено силни партнерства со широк спектар на добавувачи. Нашите добавувачи се водечки производители на петрохемиска индустрија, кои ја обликуваат иднината во областа на основните полимери, додатоци и соединенија од целиот свет.